Територијата на нашата држава се наоѓа а и ќе се наоѓа и понатаму под влијание на изразен топлотен бран со потекло од северните предели на Африка па така во следните неколку денови ќе услови ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО висока вредност и ќе изнесува 11 па така со ова целата територија на Македонија влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА што значи граѓаните да бидат крајно претпазливи и да не се изложуваат директно на силното сонце и секако со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се носи заштитна опрема (капа и наочари за сонце).
Од утре пак во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на НЕВРЕМЕ со силни електрични пранзења, силен ветер и услови за појава на град. Поради релативно високата влажност во воздухот но и поради сахарската прашина и песок во следниот период температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените а времето ќе биде доста спарно и мачно.
Подготви: Славчо Попоски за 1 тв.