Славчо Попоски: ПЕКОЛОТ ПОЧНУВА – Новата недела ни носи температури повисоки од нормалните за десет степени, од среда растат условите за НЕВРЕМЕ со град

ИЗВОРСкопје24
|

Под влијание на многу топла воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка во текот на новата недела ќе имаме голем пораст на температурите на воздухот и истите ќе бидат повисоки од нормалните некаде за околу десет степени, најтопло ќе биде од вторник до четврток кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, во централните и во југоисточените предели од државава истите има услови да се искачат и малку над 40 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност и тоа се до среда, веќе од среда попладне ќе започнат да растат условите за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради значително загреаната атмосфера и исполнета со енергија има услови и за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со поинтензитен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Постепен пад на температурите на воздухот се очекува од честврток доцна попладне и навечер.

Инаку поради многу високите температури на воздухот и сахарската прашина времето ќе биде многу мачно и спарно, исто така во следните денови УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува 11 па така на граѓаните ги советуваме да пијат што повеќе течности и да јадат лесна храна. Старите лица во никој случај да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (односно од 10 до 17 часот). Помладите пак доколку излегуваат исто така во најтоплиот дел од денот со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесат заштитна опрема (капа и наочари за сонце).

Подготви: Славчо Попоски за 1ТВ