Денес времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека од утре особено попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд.
Особено во вторник ќе биде и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Исто така од утре па натаму ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.
Во Скопје и околината исто така денес ќе биде стабилно, а од утре доцна попладне и во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник ќе растат условите за врнежи од дожд. И во Скопскиот регион ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат до околу 23 степени.