Славчо Попоски предупредува на нови невремиња во наредните денови

|

Во следните денови под влијание на изразена влажна и нестабилна воздушна маса особено од пладневните часови па натаму на многу места низ Македонија ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НОВО НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ и ги повикуваме надлежните да бидат подготвени за истото.

Температурите денес како и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Опасност од појава на НЕВРЕМЕ ќе има и во делови од Скопската котлина, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.