Славчо Попоски предупредува на поплави, силен ветер и град

|

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до самиот крај од оваа недела на повеќе места низ Македонија времето ќе се задржи нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бележат тенденција на пад, и најсвежо ќе биде токму во петок кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Од сабота пак температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи многу нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ.

Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 26 и 27 степени, а најсвежо ќе биде во петок кога максималната температура ќе се искачи до само 19 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.