Славчо Попоски предупредува: Ув -индекс со екстремно висока вредност, проверете кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови и за изолирана краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, истите ќе бележат тенденција на позначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 35 степени, додека во најтолите предели температурите се очекува да надминат 35 степени.

УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и во следните денови ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето овие денови – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.