Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку потопло од вчера со сончеви периоди. Ќе има и локални послаби врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени. Потоа во следните денови, вклучувајќи ги и Велигденските празници, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени локални врнежи од дожд. Особено во петок попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност, проследено со пороен дожд и грмежи. Исто така особено во текот на утрешниот ден, како и во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.