СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Еве до кога ќе имаме многу снег

|

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Понтензивни врнежи ќе има во западните предели каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Мала снежна покривка ќе се формира и во останатите места низ државава, освен во долниот тек на Повардарието. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, каде се очекува формирање на помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

Според Попоски, во следните денови времето ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за слаб локален снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.