Како што претходно најавивме, утре во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе има навечер, како и во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне, кога во западните предели ќе има повремени локални врнежи од снег.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени. Во сабота повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, додека повеќе облачност ќе има во вечерните часови кога ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд и на снег. Максималната тењмпература ќе се искачи до околу 7 степени.
Потоа во недела, како и во понеделник ќе имаме сонечво и постабилно време со мала до умерена локална облачност, додека нов влажен бран од запад се очекува во вторник и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег.