Како што најавивме утре и во четврток ќе има нешто повеќе облачност, а во текот на утрешната вечер, како и во четврток ќе има појава на повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, што значи ќе биде значително потопло преку ден за разлика од изминатите денови кога имавме многу студено време.
Веќе во петок, како и за време на викендот и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух од север и од североисток ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО, а ќе има услови и за слаби локални врнежи претежно од снег. Ќе биде и ветровито, односно ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината, и особено за време на викендот минималните понекаде повторно ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, а максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели од државава – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион утре и во четврток ќе се задржи релативно топло време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, а времето ќе биде сончево со умерена облачност. Повремено ќе има повеќе облачност и тоа особено во четврток кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд.
Според Попоски од петок па за време на викендот температурите повторно ќе бележат тенденција на пад и ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно минималните ќе се спуштаат до околу -4 степени, а максималните дневни ќе се искачуваат до околу 8 степени.