До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи нестабилно, и тоа особено во попладневните и во вечерните часови. Ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а на некои места ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, а температурите и тоа особено од петок па натаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНСИКИ, и тоа поради влијанието на посвежата воздушна маса од север.
Тогаш температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека најсвежо ќе биде во сабота кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени, и истите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
И во Скопје и околината до крајот на оваа недела ќе има поголеми услови за нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмеж и и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ.
Температурите, и тоа особено од петок па за време на викендот ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 28 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.