Како што најавивме, од утре следува неколку дневен период на стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди. Ќе продолжи да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Минималните температури на некои места ќе се спуштаат и под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.
Нов влажен бран од запад се очекува да ја зафати нашата држава во текот на ноќта сабота кон недела, и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион од утре следува неколку дневен период на претежно стабилно и суво време со повеќе сончеви периоди, додека нови врнежи од дожд се очекуваат во текот на ноќта сабота кон недела и во недела. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 15 степени.