СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Нова снежна покривка на некои пониски места, еве кога и каде

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повеќе облачност и особено во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, што значи истите ќе бележат тенденицја на поголем пораст – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала, а кон крајот на денот и во текот на ноќта и со позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападеен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски, утре ќе се задржи претежно стабиолно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека нов влажен воздушен бран нашата територија ќе ја зафати во понеделник и тоа особено попладне и кон крајот на денот, како и во текот на ноќта кон вторник и истиот во најголем дел ќе услови нови врнежи од дожд и од снег. Нова снежна покривка ќе се формира и нанекои пониски места, додека на планините истата ќе се зголемува, а ќе започне да дува и засилен, повремено на некои места и СИЛЕН ветер од северен правец. Услови за локално провејување на снег ќе има и во вторник, додека од среда па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво.

Температурите утре и во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека пониски температури и тоа поради северниот ветер ќе имаме во вторник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, додека наутро повторно на некои места температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени. Од среда па натаму повторно се очекува пораст на температурите на воздухот.