СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пак дожд и снег, дознајте кога

|

Како што најавивме, утре времето во Македонија ќе се задржи претежно сончево, додека зголемување на облачноста ќе има за време на викендот и особено во текот на ноќта сабота кон недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Во сабота повторно ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Температурите пак и понатаму ќе бидат натпросечно високи и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, додека мало опаѓање на истите ќе има од недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе се задржи претежно сончево, додека за време на викендот ќе има повеќе облачност а во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени.