СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пораст на температурите до 18 степени, еве кога

|

Како што најавивме утре ќе имаме пооблачно време со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет.

Во деновите потоа ќе имаме претежно стабилно и суво време со многу повеќе сончеви периоди, вели метео прогнозерот Славчо Поповски.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Поголем пораст на максималните температури ќе имаме од четврток и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, и ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

И во Скопскиот регион утре времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд. Утре ќе засилува и ветерот од југоисточен правец. Во деновите потоа пак времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 15 степени.