СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Променливо време на почетокот на неделата

|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во планинските предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени,  вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени. Потоа и во следните денови времето кај нас ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Особено во среда ќе има услови и за повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет.

Што се однесува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Поголем пораст на максималните температури се очекува од четврток, кога ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.