Како што најавивме, утре, како и во текот на следните денови, под влијание на МНОГУ СТУДЕНАТА воздушна маса која се спушта од север, времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена облачност.
Повремено и локално ќе има зголемување на облачноста, а ќе има услови и за локално провејување на снег. И понатаму ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе бидат ОСОБЕНО НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -5 степени, додека понекаде истите се очекува да се спуштат дури и до околу -20 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Максималните дневни исто така на повеќе места ќе се задржат под нулата, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени, додека во најтоплите предели максималните дневни температури ќе се искачат до околу 5 степени.
Според Попоски и во Скопскиот регион, утре, како и во текот на следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повремено ќе има повеќе облачност кога ќе има мали услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу -1 и 3 степени.
НАПОМЕНА: Во следниот период поради ЕКСТРЕМНО НИСКИТЕ температури ќе има појава на голомразица, па затоа на возачите им препорачуваме да возат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО.