СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Температури до минус 10, значително под просекот за овој период од годината, еве кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со повремени локални врнежи претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови, и тоа во јужните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, и истиот особено во вечерните часови и тоа долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели од државава – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

ВО СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО УСЛОВИ ЗА СЛАБИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ. ЌЕ ДУВА СЛАБ ДО УМЕРЕН ВЕТЕР ОД СЕВЕРЕН ПРАВЕЦ, ДОДЕКА МАКСИМАЛНАТА ТЕМПЕРАТУРА ЌЕ СЕ ИСКАЧИ ДО ОКОЛУ 6 СТЕПЕНИ.

Според Попоски, следниот период времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Од утре ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината и во текот на следните денови минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, додека на планинските места истите се очекува да се спуштат дури и под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот само од -3 до 7 степени во најтоплите предели од државава.