СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Температури уште во позначителен пораст, проверете кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена, локално и повремено и значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени и истите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината- вели нашиот метео прогозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 15 степени. Потоа утре и во сабота времето ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност.

Според Попоски, итре и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека од недела па натаму ќе има повторно зголемување на облачност и ќе има појава на повремен локален дожд.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.