Славчо Попоски: Промената на времето пристигна, најнова детална анализа на времето

|

Под влијание на ЛУЦИЈАН уште во текот на изминатата ноќ кај нас пристигна најавената промена на временската состојба која особено во источните и во југоисточните предели беше проследена со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет. Исто така започна да дува северен ветер па така и температурите бележат тенденција на пад за пет до десет степени.

Понатаму ќе има слаби локални врнежи од дожд и тоа претежно во јужната половина од државава а повторно повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет во источните и во југоисточните предели ќе има веќе во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре претпладне каде локално се очекува да наврнат и над 20 л/м2 воден талог во целиот бран на врнежи. Максималните дневни температури овие два дена ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Ќе дува северен ветер кој од утре ќе го промени правецот во јужен и во југоисточен и постепено од сабота ќе засилува на интензитет.

Поради јужното струење повторно следните денови се очекува пораст на температурите на воздухот.

Особено повеќе врнежи ќе има во соседна Грција и тоа под значително влијание на ЛУЦИЈАН и локално ќе има услови за НЕВРЕМЕ кое може да услови и локални поплавувања.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ