Според најновите направени анализа за оваа есен и тоа со помош на најпрецизниот метеоролошки модел ECMWF (Европски центар за средно – рочна прогноза) укажуваат на тоа дека месеците септември, октомври и ноември ќе бидат многу влажни односно врнежите ќе бидат значително над просекот од вообичаеното за тие месеци. Се очекуваат формирања на чести циклонски системи кој кај нас но и во регионот ќе условуваат многу врнежи со што постои опасност од ПОПЛАВУВАЊА. Повремено се очекуваи развој на олујни системи кој би условувале поројни врнежи, силни громови како и појава на град, информира Славчо Попоски.
Најголеми услови за ова има токму кај нас во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина како и во соседна Србија.
Слична анализа за оваа есен објави и ACCUWEATHER во која најавува дека Балканот и Македонија оваа есен ќе бидат на удар на силни бури и поплави. Во иднина исто така ќе има зачестување на временските непогоди кај нас и ќе стануваат се посилни.
Времето целосно се менува – Викенд временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност ќе биде времето во текот на денешниот ден. Попладне и кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од11 до 19, а максималната од 26 до 34 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен северен ветер. Температурите од 16 до 30 степени. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.