Славчо Попоски со најнови информации: ДОЛГОТРАЕН и МНОГУ ТОПОЛ Африкански бран ќе ја зафати државава

ИЗВОРСкопје24
|

Според најновите информации кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека Африканскиот бран кој полека ќе започне да ја зафаќа нашата територија уште од утре ќе се задржи подолг временски период ( истиот има услови за се задржи и повеќе од 5 до 7 денови).

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на голем пораст, како минималните така и максималните дневни и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени. Мало и краткотрајно освежување на времето се очекува околу 5 Август кога ќе дува и северен ветер за потоа да продолжи изразениот Африкански бран.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, само повремено ќе има услови за краткотрајна и локална нестабилност.

ПОЧИТУВАНИ: Пред нас е долг период на вистинско летно време па токму поради тоа ќе можете да уживате во плажите и во освежувањето низ реките и езерата во државава, ова посебно и тоа како добро ќе им дојде на оние кои се на летен распуст, односно на младите.