Нашата територија е и ќе остане под влијание на МНОГУ ТОПОЛ БРАН кој продира од југ и истиот понатаму ќе условува понатамошен пораст на температурите а времето ќе биде стабилно, суво и сончево.
Максималните дневни температури понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ОПАСНА вредност и ќе изнесува 9 па така на граѓаните им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, сувото и сончево време ќе услови зголемена опасност за појава на ПОЖАРИ, информира метеорологот Славчо Попоски.
Според УХМР во Скопје денеска ќе биде сончево и многу топло со зголемена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9. Утринската температура ќе достигне до 21 степени, а дневната температура до 38 степени.
Потоа до среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење.