Славчо Попоски со НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ: Почетокот на јули ни носи ВИСТИНСКИ пекол, температури до 42°C

ИЗВОРСкопје24
|

Африкански бран и претежно стабилно, суво и сончево време ни носи почетокот на новиот месец кој што ни следува, односно месец јули. На почетокот од истиот се очекува ГОЛЕМ пораст на температурите кој насекаде ќе се искачуваат над 30 степени односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени додека во најтоплите региони одсега гледано температурите на воздухот се очекува да се искачат и до 42 степени.

Инаку изминатиот период помина во знакот на доста нестабилно време со чести врнежи, грмежи и невремиња кој направија бројни штети низ државава и поплавија дворови и домови, најпогодени во изминатиот период од силното невреме се секако земјоделците каде врнежите од град им направија огромни штети врз земјоделските култури и посеви.

Конечно по долго време со многу врнежи и нестабилно време во следниот период ќе можеме да уживаме во многу сонце а на самиот почеток од јули месец и во Африканската топлина која не очекува и која ќе услови голем пораст на температурите на воздухот.

Да напоменеме дека и понатаму поради зголемената влажност во воздухот очекуваме доста спарно и мачно време.

Подготви: Славчо Попоски за 1тв.