Во изминатиов период сме сведоци на навистина чести и страшни невремиња кој направија бројни штети низ Македонија и поплавија домови. Нестабилното време ќе продолжи и во следните неколку денови додека малку постабилно и потопло време ќе имаме за време на викендот иако и тогаш има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Условите за нестабилност повторно ќе почнат да растат на самиот почеток од следната недела што значи за жал и понатаму немана видик некоја долготрајна стабилизација на времето кај нас.
Особено утре и во четврток на повеќеместа и тоа особено од пладневните часови па натаму ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог кое може да доведе и до нови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат од 25 до 32 степени додека за време на викендот ќе бидат повисоки и тоа поради продор на потопол воздух од југ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења и на силен ветер да не се претстојува на отворен просот а во случај на електрични празнења и под осамени дрвја.
Според најновите направени анализи доста нестабилен со почести врнежи и грмежи како и невремиња се очекува да биде и месец јули.
Подготви: Славчо Попоски за 1ТВ