Почитувани како што најавивме следува и официјалната метео анализа за лето 2019 односно за тоа што може да очекуваме од времето во текот на претстојното лето. Според најновите анализи кој ги направивме со помош на најпрецизниот метеоролошки модел ECMWF (Европски центар за среднорочна прогноза) истиот укажува на тоа дека летото кое е пред нас ќе биде натрпосечно топло со повисоки температури од нормалните но и поспарно што значи дека очекуваме ова лето топлите бранови од северните предели на Африка да бидат почести над нашите краишта па така повремено очекуваме температури и од над 40 степени во најтоплите региони што и не е за чудење затоа што овие температури се сепак нормални за нашите краишта и сме ги имале и порано.
Што се однесува пак до врнежите истите ќе бидат над просекот односно ќе има повеќе врнежи од вообичаеното што значи дека поради загреаната атмосфера исполнета со енергија почесто ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а секако дека покрај ова се очекуваат и повремени временски непогоди со град, обилни врнежи и силен ветер како и повремени освежувања на времето односно од север повремено секако дека треба да очекуваме продор на посвеж воздух и пониски температури во текот на летото кое што ни претстои.
Инаку со слична прогноза денеска излегоа и Американските метеоролози кој ја објавија сезонската прогноза за лето 2019 за целиот Европски Континент.
Додека пак утре во поголемиот дел од земјата времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Кон крајот на денот и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 6 до 14, а максималната од 22 до 29 степени.
И во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата од 9 до 28 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер. Засилен јужен ветер ќе дува и во вторник, но условите за нестабилност тогаш ќе се намалени.