Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Според Попоски во следните денови времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе биде и сè потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Зголемување на облачноста ќе има во недела и тоа особено попладне и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник кога ќе има повремени локални врнежи од дожд.