СЛАВЧО ПОПОСКИ СО УБАВИ ВЕСТИ: Доаѓа топол бран, еве кога

|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. На повеќе места ќе има и повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите денес ќе бидат малку пониски за разлика од вчерашните и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени- вели Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Според Попоски утре и во сабота времето ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат рано летни и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Нов влажен и постуден воздушен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во недела, кога ќе дува и засилен ветер од северозападен правец а температурите позначително ќе опаднат. Нова стабилизација на времето се очекува на самиот почеток од следната недела.