Од петок како и за време на викендот но и во текот на следната недела под влијание на поизразена влажна и нестабилна воздушна маса ќе имаме значително дестабилизирање на атмосферата и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите се очекува да бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Поради очекуваното количество на воден талог каде локално ќе наврне над 50 л/м2 воден талог има услови и за локални поплавувања. Исто така со оглед на тоа дека локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ проследени со силни електрични празнења на граѓаните им препорачуваме во случај на истите да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја а овчарите своите овци со цел да ги заштитат истите да ги делат во помали групи. И покрај ова и понатаму останува топлото но и спарно време.
Подготви: Славчо Попоски