Славчо Попоски со ВОНРЕДНИ информации: ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ доаѓа кон Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Територијата на нашата држава во следите 30тина часа ќе биде под влијание на изразено нестабилна, влажна и свежа воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд проследени со појава на грмежи. Локално се очекуваат ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој ќе бидат во форма на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ проследено со силен до олуен ветер (до околу 100 км/час) силни електрични празнења, обилен пороен дожд (над 30 л/м2) кој може да услови поплавувања како и со појава на град. Во случај на вакви временски појави на граѓаните им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на значителен пад (за околу 10 степени) а вевечерва истите се очекува дополнително да опаднат па така до четврток наутро истите понекаде се очекува да се спуштат дури и под 10 степени. Ваквите временски услови многу лошо ќе влијаат исто така и врз метеопатите каде се можни и значителни здравствени проблеми.

И УХМР со слична прогноза за времето денеска:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2).

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. Повремено процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во четврток и петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе се задржат нешто пониски. Во сабота попладне ќе има повремен локален дожд.