Во текот на следните денови како што веќе најавивме, под влијание на топол воздушен бран кој продира од северните предели на Африка ќе имаме стабилно, суво и сончево време повремено со умерена облачност, исклучок ќе бидат утрешните попладневни и вечерни часови кога поради позначителната локална облачност ќе има услови за слаб локален дожд.
Исто така деновиве ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет, температурите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината што значи истите ќе бидат повисоки од нормалните за околи десет степени и од среда ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, во централните и во југоисточните предели истите се очекува понекаде да се искачат до рано – летни 25 степени.
Граѓаните во следниот период ќе може максимално да го искористат ваквото време за прошетки во природа.
Ова е временската според Accuweather: