Поради тоа што атмосферата се повеќе се загрева и е многу спарно и тешко од утре следува период на доста нестабилно време што значи дека во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе растат и условите за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој ќе бидат во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните температури на воздухот ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и насекаде ќе се искачуваат над 20 степени додека во следните денови во најтоплите региони од државава истите очекуваме да се искачат до околу 30 степени.
Поради локално поинтензивните атмосверски процеси локално има услови и за позначително количество на воден талог за кратко време со што можни се и локални поплавувања. Граѓаните во случај на појава на електрични празнења да бидат крајно претпазливи односно да не стојат на отворен простор и под осамени дрвја, овчарите пак своите овци со цел да ги заштитат да ги делат во помали групи.
НЕЧИСТ ДОЖД: Со оглед на тоа дека во следните неколку денови ќе се врши уште поголем транспорт на прашина и на песок од Сахара дождот кој што ќе врне ќе биде многу помешан со истата.
БИОМЕТЕО: Мачното и спарно време многу лошо ќе влијае врз граѓаните, кај поголем дел ќе се јават значителни мачнини односно главоболки, поспаност, лошење а особено врз метеопатите и возрасните луѓе и проблеми со притисокот па така и тоа како е добро да се посоветуваат со својот лекар.
Ув индексот следните денови ќе има ВИСОКА вредност и ќе има коефициент 7.
Подготви: Славчо Попоски за 1тв.