Славчо Попоски: Воопшто не треба да се очекува стабилизација на времето во најскоро време

ИЗВОРНов лист
|

Во најскоро време граѓаните нанашата држава воопшто не треба да очекуваат стабилизација на временската состојба.

Едино нешто постабилно ќе биде утре и во сабота, но и тогаш ќе има услови за изолиран развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури на воздухот утре и во сабота ќе бидат нешто повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има висока вредност и ќе изнесува 8.

Од недела па натаму особено во попладневните часови и навечер на повеќе места ќе биде нестабилно со порооен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Од недела, како на почетокот од следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пад, што значи дека и понатаму ќе се задржи пријатно топло време.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски ТУКА.