Славчо Попоски за продолжениот викенд: Спремете ја послабата облека – затопувањето се чувствува

|

Затоплувањето кое е најавено во државава но и јужното струење на висина веќе се чувствуваат а температурите започнаа да растат. Во текот на следните денови поради ваквото струење од Сахара кон нашата држава ќе се изврши транспорт на прашина и на песок па така и времето повремено ќе биде помачно за метеопатите.

Во следните часови локално ќе има преодно зголемување на облачноста а особено навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе има услови за локален дожд од послаб интензитет и услови за ретки грмежи и тоа особено на запад и на север а ќе дува и ветер претежно од западен правец кој на запад и во Пелагонија ќе засилува на интензитет и истиот утре ќе го промени правецот во северен и ќе биде повеќе застапен на север и Долж Повардарието.

Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на значително покачување и истите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени. Понатамошен пораст на истите ќе има следните денови кога во централните и во југоисточните предели се очекува да достигнад до околу 27 степени.

Во утринските часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.