Славчо Попоски: Значителен пад на температурите и дождови, проверете кога

|

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Исто така денес, а особено во сабота доцна попладне, навечер и во текот на ноќта на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од недела, па во текот на следната седмица ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец, а температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, што значи дека ќе следува ПОГОЛЕМО заладување на времето.

И во Скопје особено во сабота доцна попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд а од недела ќе дува силен северозападен ветер а температурите позначително ќе опаѓаат. До сабота температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека како што претходно кажавме потоа ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.