Славчо Попоски прогнозира: Многу топло, до 35 степени, еве кога

|

Од утре па натаму, како што и претходно најавивме, поради продор на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од северните предели на Африка, температурите ќе бележат тенденција на брз и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ.

Особено ТОПЛО ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопскиот регион времето во следните неколку денови ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Помали услови за појава на локална нестабилност ќе има во недела, како и во првите денови од следната недела.

Температурите ќе бележат тенденција на брз и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ, и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 32 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.