Славните “Пријателки” повторно заедно: Изгледаат исто како некогаш

|

Иако од завршувањето на снимањето на серијата “Пријатели” минаа веќе 15 години, сите и натаму останале во одлични односи, што Џенифер Анистон го потврдила пред еден месец со нивната заедничка фотографија, воедно и својата прва објава на Инстаграм.

А сега славните “Пријателки” од серијата повторно се обединиле на доделувањата на наградите SAF AFTRA Foundation’s Patron of the Artists Awards во Беверли Хилс. 

Моника (Кортни Кокс), Рејчел (Џенифер Анистон) и Фиби (Лиса Кудроу) прегрнати позирале пред фотографите, што било доволно да го украдат сето внимание на настанот, а воедно и сите изгледале одлично.

Кортни имала провокативна елегантна црна модна комбинација со проѕирна маица, панталони со висок струк и салонки.

Во црно била облечена и славната Фиби, која носела фустан со реси на краевите и тренди пуф ракави, како и салонки.

Џенифер одбрала црно-бела тоалета со принт и длабоко деколте, како и црни сандали, а освен стајлингот, ги истакнала и како единствена добитничка на доделувањата. Имено, Анистон ја добила наградата Artists Inspiration Award за својата хуманитарна работа, а Кокс и Кудроу дошле на доделувањата за да и дадат поддршка.