Следи промена на времето: УХМР најавува ново невреме

ИЗВОРСкопје24
|

УХМР за утре најавува сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималните температури од 8 до 17 а максималните од 26 до 33 степени. УВ индексот е 8. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Следува период на потопло време со пораст на дневните температури. Во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.

Славчо Попоски излезе со детална анализа на времето во август:

Почитувани, со оглед на тоа дека многу од вас заминуваат и ги користат своите годишни одмори во новиот месец кој ни доаѓа полека, а тоа е август, ние решивме да издадеме подолгорочна метео прогноза токму за истиот месец и што може да очекуваме од времето кај нас, но и пошироко во регионот:

Во текот на август, барем според моменталните анализи со кој ние располагаме, кај нас очекуваме температурите да бидат малку под просекот за тој дел од годината, односно да биде малку посвежо иако повремено се очекуваат и бранови од северните предели на Африка, но некој екстремно топли бранови со температури од преку 40 степени засега нема на видик ниту во месец август.

Врнежите пак ќе бидат нешто над просекот, што значи очекуваме нешто повеќе врнежи и повеќе дестабилизации на атмосферата, секако во ваква ситуација и понатаму се можни нови невремиња.

Посвежо од нормалата треба да биде и во регионот и тоа особено во Бугарија и во Грција како и на југот од Србија, исто така и во овие делови се очекуваат повеќе врнежи од вообичаеното.

За многу подетални и обновени метео информации понатаму а особено треба да се следат оние пократкорочни анализи кој ги издаваме и истите се далеку попрецизни.