Следната недела температури и до 38 степени

ИЗВОРНов лист
|

Во петок времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено на југот и на запад од земјата.

Во сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме, соошти УХМР.

Во недела услови за краткотрајна нестабилност ќе има во западните делови.

Температурите ќе бидат во позначнителен пораст. За викендот температурите ќе достигнат до 35, а наредната недела и до 38 степени.