Следниот месец ќе се знае дали ќе има повторно зголемување на каматната стапка

|

Македонија и официјално е подготвена за тргување со гасот во рубљи. По речиси два месеци пауза, руската рубља е вратена на курсната листа на Народна банка, а гувернерката Анита Ангеловска Бежоска вели направени се сите потребни измени и не постојат никакви пречки за редовна достава и плаќање на рускиот гас во рубљи доколку е потребно.

Структурните реформи мораат да продолжат и покрај предизвиците со кои се соочуваат земјите – ова беше една од порките која денеска гувернерката ја испрати заедно со потпретседателката на Европската инвестициска банка, Љиљана Павлова.

Со цел надминувањето на предизвиците кои ги наметнува тековната ситуација, од европската инвестициска банка најавија поддршка за земјите од Западен Балкан.

Дополнително во Народната банка се прават и новите проекции, кои треба да бидат готови до средината на следниот месец, а ќе покажат дали ќе има ново зголемување на каматните стапки. Откако пред околу еден месец беше донесена одлука за зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени.

Од Народата банка уште еднаш повторуваат денарот е стабилен, таков и ќе остане, а во земјава најава за рецесија нема.