Следните денови конечно дожд

ИЗВОРСкопје24
|

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на места со повремени врнежи од дожд.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од недела кон крајот на денот локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од еден до 11 степени, а дневната од 12 до 23 степени.

Во текот на следните денови над Европскиот Континент како и на Балканскиот Полуостров ќе се стационира циклонот Кристијан кој целосно ќе го промени времето во најголем дел од континентот и ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, силен ветер и локални грмежи како и услови за невреме додека во алпскиот регион ќе има интензивни снежни врнежи каде ќе има дополнително и значително зголемување на снежната покривка која ја има таму, анализира и Славчо Поповски.

Ке започне да дува и јужен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет додека пак температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначително опаѓање и тоа за околу пет до шест степени.

Според најновите и моментални анализи поинтензивни врнежи на повеќе места ќе има за време на викендот кој доаѓа.