Австрискиот канцелар Себастијан Курц во врска со кризата, рече дека верува дека ситуацијата ќе се нормализира следното лето.
Според него, може да се види светлината на крајот од тунелот, под претпоставка дека есента и зимата ќе бидат тешки.
За време на неговата посета на Швајцарија, тој рече дека се сретнал со раководителите на големите фармацевтски концерни „Рош“, „Новартис“ и „Лонка“, со кои разговарал за развојот на вакцината.
„Има голем напредок во областа на медицината, тестовите, но исто така и околу вакцината. Затоа сум убеден дека ситуацијата ќе се нормализира повторно на лето”, нагласи тој.
Тој упати итен апел до населението да се придржува кон сите мерки – растојание, маски, хигиена и намалување на социјалните контакти, за што побрзо и што полесно да се преброди кризата.
Во Австрија, со мерката за ограничување на бројот на луѓе на приватни прослави во затворени простории, предвидено е таа да изнесува максимум 10 лица.