Во Македонија во следните денови следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд. Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. На највисоките планински врвови повремено ќе провејува и СНЕГ, додека температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на опаѓање и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и малку над 20 степени.
Следната седмица ќе дува и ветер претежно од југоисточен правец. Ветерот повремено и тоа особено Долж Повардарието ќе биде и ЗАСИЛЕН на интензитет.
Во Скопје и околината се очекува слично време, односно променливо облачно со појава на повремен локален дожд. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 22 степени.
Во текот на следната седмица и понатаму температурите ќе бидат ПОТПРОСЕЧНИ за почетокот на мај месец, што значи ќе биде ПОСВЕЖО од вообичаеното.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!