Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.
Останатите неработни денови во 2020 година се:
За сите граѓани на РМ: 8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски. За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците. И за граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.