СЛЕДУВА ПРОДОР НА ПОСВЕЖА ВОЗДУШНА МАСА ОД СЕВЕР – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ БЕЛЕЖАТ ТЕНДЕНЦИЈА НА ПАД, ДЕТАЛИ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 23 степени.

Потоа за време на викендот ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека во почетокот од следната недела се очекува нова дестабилизација на времето проследена со повремени локални врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Температурите ќе бележат тендеинција на понатамошно мало опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.