Следуваат два СТАБИЛНИ и СУВИ денови – Во петок, како и за време на викендот повторно услови за локална НЕСТАБИЛНОСТ

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа утре ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Исто така во петок и во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki