Слеп златен ретривер и неговата пријателка-водич го освојуваат Инстаграм

ИЗВОРСкопје24
|

Џејк е 2-годишниот златен ретривер кој го изгубил својот вид, а неговата пријателка Ади истапила и му помогнала да се прилагоди на новиот живот. Ади може да се каже дека е најдобро куче.

„Го земавме Џејк кога го изгубивме нашето куче Моли, а Ади дојде во нашите животи откако го изгубивме другото куче. Џејк беше навистина тажен кога го изгуби пријателот, па знаевме дека ќе му треба друштво“, изјавила сопственичката Ким.

Џејк ја следи Ади по нејзините звуци и мирис. После операцијата на Џејк, Ади носела ѕвонче сè додека Џејк не се навикнал да ја следи самиот. Сите проблеми настанале кога Џејк наполнил 2 години.

„Забележавме проблеми со неговите очи и откривме дека повеќе не лачи солзи. По неколку месеци, и покрај следењето на терапијата и неколку операции, неговите очи го изгубија видот. Бевме соочени со болна одлука – да му ги отстраниме очите на Џејк или да го заспиеме.“

„Сепак, следните неколку денови бевме контактирани од многу сопственици на слепи кучиња. Тие нè охрабрија со издржливоста на нивните кучиња кои и после губењето на видот живееле нормални и среќни животи.“

Советот од ветеринарот којшто ѝ кажал дека видот е всушност на трето место кај сетилата на кучињата. Mирисот и слухот им биле многу поважни. Со оваа информација предвид, Ким одлучила да му ги отстрани очите на Џејк.

„Веднаш откако се разбудил после операцијата, ветеринарот ни кажа дека Џејк почнал да мавта со опашката! Неговите месеци со болки поминаа и тој ни го кажа тоа.“

„Пресреќни сме со изборот што го направивме и благодарни сме им на луѓето кои нè охрабрија да го направиме. Џејк секој ден нè потсетува дека животот сепак има цел и вредност, и покрај сте предизвици.“