|
Три сликички од банкноти од по 500 евра биле ставени во кутија за донации, средства кои се собираат за 26-годишниот Јован Ивев, чие семејство веќе три години моли за помош за негово лекување, објави Фокус.
Мајката на Јован, Снежана, објави фотографија од лажните банкноти кои ги нашла во кутија за донации поставена во градот, и со потресни зборови му се обрати на лицето кое на ваков начин си поиграло со нивните чувства.
– Зарем вие кои го направивте ова немате душа? Не дај Боже да поминувате низ сето ова кое ние го минуваме речиси три години. Не дај Боже да собирате и молите за помош за своето дете, затоа што најмногу боли, боли до срж! Не ми се верува до каде може некој да оди – порача мајката.
Остатокот од текстот прочитајте го на Фокус.мк