Словенечкиот пратеник Дариј Крајчич од владејачката партија Листа на Маријан Шарец поднесе оставка откако во Парламентот раскажал дека украл сендвич, велејќи дека го направил тоа бидејќи бил игнориран од вработените.
Дариј Крајчич им одговорил на медиумите дека бил изнервиран од тоа што „го третирале како воздух“ и затоа решил да го стави на тест обезбедувањето на супермаркетот. Кражбата поминала незабележано, но членот на владејачката партија Листата на Марјан Шарец (ЛМС) подоцна се вратил и го платил сендвичот. Крајчич се извини за својот, како што го нарече, „социјален експеримент“.
Мислам дека стоев три минути без некој да ме послужи. Тројца вработени си зборуваа меѓусебе, па решив да го тестирам нивното внимание. Никој не тргна по мене, ниту ми свика, изјавил поранешниот професор.
Неговите колеги прво со смеење ја примиле приказната, за потоа неговата акција да биде осудена од партијата.
Тоа е неприфатливо. Тој презеде одговорност и поднесе оставка, изјавил Бране Голубовиќ, шефот на пратеничката група на ЛМС. Тој рече дека пратеникот се покајал и извинил.