Следи продолжен викенд

|

Петок, 10 јуни 2022 година, ден пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07).

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

Во продолжение прочитајте и кои се сите неработни денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ: 02 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци, 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед: 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.